Утрински Весник
Економија

РЕК Битола го стави во функција Блок 1

РЕК Битола го стави во функција Блок 1

АД ЕСМ, Подружница РЕК Битола го стави во функција Блок 1 на Термоелектраната. Постројката е синхронизирана со електроенергетскиот систем на земјата во текот на вчерашниот ден и во моментов РЕК Битола произведува електрична енергија од Блок 1 и Блок 3.

„Ископот на јаглен во Рудникот Суводол е стабилизиран, а се зголемува и интензитетот на ископ во Рудникот Брод Гнеотино. Предуслов за пуштањето на Блок 1 во погон беше огромниот ангажман на сите вработени во РЕК Битола изминатите неколку недели, особено на работниците во рудниците за што раководството на Комбинатот изразува јавна благодарност.
АД ЕСМ го одржува стабилен електроенергетскиот систем на државата. Во моментов компанијата ги задоволува потребите на потрошувачите со производство на електрична енергија од РЕК Битола, од хидроелектраните и од ветерниот парк Богданци“, соопшти АД ЕСМ.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за вработените и нови инвестиции во безбедно и одржливо производство

„И здравје и работа“: Да градиме рударство што создава работа, развој и сигурна иднина

„Рапид билд“ за 29,4 милиони евра ќе го гради гасоводот со Србија, треба да биде готов во 2028 година