Утрински Весник
Свет

Рекордни 48 милиони внатрешно раселени лица во светот

Рекордни 48 милиони внатрешно раселени лица во светот

Бројот на внатрешно раселените лица поради конфликтот ширум светот достигна 48 милиони на крајот на 2020 година, што е највисока бројка откако се води евиденција, изјави специјалната известувачка на ОН за човекови права на внатрешно раселените лица, Сесилија Хименез- Дамари.

На состанокот на Третиот комитет на Генералното собрание на ОН, таа посочи дека пред се поради сè покомплексната природа на вооружените конфликти и општото насилство, сè потешко е да се обезбедат човековите права во согласност со меѓународното хуманитарно право.

Таа оцени дека покрај конфликтите и насилството, како причина за раселување може да бидат и катастрофите а од 2020 година и пандемијата со коронавирусот.

Додава дека зголемениот проток на мигранти ќе биде следната пандемија со која ќе се соочат земјите во светот.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка