Утрински Весник
Економија

Рекордна цена на горивата во Германија

Рекордна цена на горивата во Германија

Горивата во Германија во моментот се најскапи во историјата, надминувајќи го рекордот од 2012 година.

Германскиот авто-клуб ADAC извести дека цените на дизелот и на бензинот се на историски највисоки нивоа, пренесува агенцијата ДПА.

Цената на бензинот во Германија вчера била 1,712 евра, а на дизелот 1,640 евра за литар.

Досегашниот рекорд беше од 13 септември 2012 година, кога литар бензин Супер чинел 1,709 евра.

Можете да прочитате

Трипуновски: Цената за двете најзастапени сорти на винско грозје е креирана според сите законски одредби

Николоски очекува раст на БДП од 3,7 проценти

Мицкоски: Најавувам 8 нови инвестиции за нови вработувања и посилен стандард