Утрински Весник
Македонија

Приведен криумчар на мигранти, кој со „ауди“ излета од патот и избега

Приведен криумчар на мигранти, кој со „ауди“ излета од патот и избега

Скопјанец кој превезувал мигранти од Сирија, на регионалниот пат Валандово-Струмица излетал од патот и избегал. Во сообраќајката еден од мигрантите се здобил со тешки повреди и бил итно пренесен во Медицинскиот центар Гевгелија.

Ноќеска на регионалниот пат Гевгелија-Велес А.Д. (40) бил фатен од полицијата. Судијата му одреди 30 дневен притвор.

Регионалниот центар за гранични работи југ поднесе кривична пријава против А.Д.(40) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.

Можете да прочитате

Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Неофицијално: Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови за шеф на Обвинителството за организиран криминал

Ги врзувале, тепале и ограбувале за пари и злато: Нови детали за двете убиства во Скопје