Утрински Весник
Свет

Резников: Воената опрема на непријателот која ја уништивме би била доволна некои земји да ги вооружат своите војски

Резников: Воената опрема на непријателот која ја уништивме би била доволна некои земји да ги вооружат своите војски

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников (Олексиј) изјави дека украинската армија досега уништила онолку руска опрема колку што би било доволно за некои земји да ги вооружат своите армии.

Украинците тврдат дека досега убиле околу 9.000 руски војници и голем број воена техника.

– Способностите на нашите сили растат, помош доаѓа. Нашите борци се покажаа како фантастични во многу области. Нашите пилоти веќе станаа легенди. Падобранци, пешадија, артилерија – покажаа дека Украинците се најдобри. Нашите лекари, спасувачи, комунални претпријатија, новинари, бизнисмени…сите го чуваат својот фронт – рече Резников.

Можете да прочитате

Трамп по рацијата во Хјундаи: Почитувајте го законот и обучете ги Американците за вашата работа

Орбан: Украина ќе биде поделена меѓу Русија и Западот

Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин