Утрински Весник
Спорт

Реднап: Ако Ливерпул не стане шампион, тоа ќе биде фарса

Реднап: Ако ги задржав шесте ученици во Вест Хем, ќе ја освоевме Премиер лигата

Лондон, 12 април 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Тотенхем, Хари Реднап верува дека сезоната во англиските првенства од сите нивоа, суспендирана поради коронавирус, мора да биде завршена.

– Понекогаш сме премногу нежни кон играчите. Велиме: „Не можат да играат толку многу натпревари. Тие можат. Овие момци се во форма. Во секој случај, тие повеќе би сакале да играат отколку да тренираат. Не гледам проблем во големиот број натпревари. Јас би сакал сезоната да се реши на терен. Ако Ливерпул не стане шампион, тоа ќе биде фарса, без разлика за кого навивате. Тие беа неверојатни, изјави Реднап.

Ливерпул води во Премиерлигата со 25 бодови предност во однос на второпласираниот Манчестер сити. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара