Утрински Весник
Македонија

Регистрирано првото Здружение на спортски риболовци во Кичево

Регистрирано првото Здружение на спортски риболовци во Кичево

Кичево, 30 мај 2020 (МИА) – Првата спортска асоцијација на риболовци „Хантер-фиш“ официјално е основана и регистрирана во општина Кичево, каде што повеќето од риболовците и други љубители на природата од овој крај се дел од здружението.

Оваа веста ја потврди првиот претседател на здружението, Бесмир Елези, кој вели дека по многу напори успеале да го регистрираат првото здружение на спортски риболовци во Кичево. Примарна цел, како што појаснува, ќе биде спортскиот риболов и заштитата на природата воопшто, а ќе членуваат и сите кичевци

-Ние сме отворени за сите љубители на природата без исклучок. Како прва наша официјална акција ќе ја имаме продолжувањето на обидите за порибување со нов контингент на риба на Осломејското езеро кај Кичево, додаде Елези.рз/бт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пат ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

Труења кучиња во Неготино, загриженост изрази и градоначалничката

МВР го пронајде возачот кој леташе со 293 км/ч на автопатот Скопје–Гевгелија