Утрински Весник
Македонија

Ревакцинирани 43,5 проценти од полнолетните граѓани во државата

Ревакцинирани 43,5 проценти од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4953 дози вакцини, од кои 1282 се аплицирани како прва доза, 3064 се ревакцинирани, а 67 граѓани примиле трета доза вакцина, соопшти Министерството за здравство.

Заклучно со 28 септември вкупно се вакцинирани 785.693 граѓани, ревакцинирани се 724.835, а трета доза примиле 137 граѓани. 52% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирании, а 32% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Според последните извештаи, опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација, е 47%, а со две дози опфатени се 43,5% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Можете да прочитате

СДСМ Бараат оставка од Филипче – Монти Пајтон политиката на ВМРО

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски

Утре ќе се бира шеф на Скопското обвинителство