Утрински Весник
Македонија

Приведен битолчанец, полицијата пронашла дрога во неговиот дом

Приведен битолчанец,  полицијата пронашла дрога во неговиот дом

Вчера во 17.00 часот на ул.„Кланица“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола – Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Д.Ч.(35) од Битола.

При претреси во неговиот дом во Битола и во неговата викенд куќата во с.Карамани, битолско, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени пакувања со амфетамин, повеќе таблетки во различни бои, семки од растението канабис и дигитална вага.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

По години запоставување, здравството влегува во нов инвестициски циклус

Средба Николоски – Акташ: Македонија и Турција имаат одлична соработка, економијата, туризмот и поврзувањето се областите од интерес на двете земји

ЛДП: Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”!