Утрински Весник
Спорт

Реал ја доби Гранада, но го загуби Родриго

Реал ја доби Гранада, но го загуби Родриго

Реал Мадрид со 2:0 ја совлада Гранада за да се израмни со бројот на поени со градскиот ривал и лидер, Атлетико Мадрид, но доби уште една мака со повредите по посериозната повреда на Бразилецот Родриго.

Родриго мораше да биде изнесен на носилки во првото полувреме од мечот, со очигледно сериозна повреда, ставајќи многу неизвесност пред јануарскиот преоден рок.

19-годишниот Бразилец доби шанса оваа сезона во отсуство на Еден Азар по неговата долга пауза поради повреда, но се веруваше дека Мадрид би го пратиле на позајмица оваа зима, со Интер и Арсенал како заинтересирани клубови. Сега, секоја пауза ќе го уништи овој план. Оваа сезона Родриго имаше 11 настапи за Реал, иако на само 4 бил стартер.

Марко Асенсио, кој го замени Родриго на теренот, му асистираше на Касемиро во 57. минута за да ја обезбедат петтата победа едноподруго по краткотрајната криза во тимот на Зинедин Зидан. Карим Бензема ја продолжи голгетерската серија откако стрелаше во 94. минута за потврда на триумфот.

Атлетико има 32 поени, исто колку и Реал на второто место, иако Атлетико имаат два натпревари помалку. Гранада е на солидното седмо место со 21 поен.

> Реал ја доби Гранада, но го загуби Родриго <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Јамал можно е да има скината тетива, најверојатно сезоната за него е завршена

Со дефиле на делегациите вечерва во Скопје отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026

Суспендиран стадионот „Башкими“ во Куманово, покрената дисциплинска постапка за инцидентот на мечот со Струга Трим Лум