Утрински Весник
Спорт

Реал нема да може да го откупи Хакими од Интер

Реал нема да може да го откупи Хакими од Интер

Милано, 28 јуни 2020 (МИА) – Детали се познати за можниот трансфер на дефанзивецот на Реал Мадрид, Ашраф Хакими во Интер, пренесува „Фудбал Италија“.

Според изворот, мадридскиот клуб нема да може да го откупи 21-годишниот Мароканец во случај на трансфер во италијанскиот клуб.

Се очекува Хакими да се пресели во Интер за 40 милиони евра и ќе добие плата од 5 милиони евра годишно.

Оваа сезона Хакими има одиграно 43 натпревари во сите натпреварувања, има 9 гола и 10 асистенции.

Порталот transfermarkt.com го проценува Мароканецот на 54 милиони евра.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС