Утрински Весник
Спорт

Реал незадоволен од распоредот во Ла Лига, Барселона има двојно повеќе време за одмор меѓу 33. и 34. коло

Време е за „Ел Класико“

Мадрид, 23 јуни 2020 (МИА) – Реал Мадрид изрази незадоволство од календарот за следните кола од фудбалскиот шампионат на Шпанија, пренесува „АС“. Клубот смета дека распоредот на натпревари во 33. и 34. коло е неправеден.

„Кралевите“ протестираат поради фактот дека тимот ќе има 56 часа помалку за да се одмори од Барселона, односно 62 часа за Мадрид, а 118 за Каталонците.

Во 33-то коло, Барселона ќе игра против Атлетико на 30 јуни, а Реал со Хетафе на 2 јули.

Во 34-то коло, Реал ќе гостува кај Атлетик, попладнето на 5 јули, а Барселона ќе се сретне со Виљареал доцна во вечерните часови истиот ден.

Реал Мадрид е лидаер на табелата пред Барселона. Двете екипи имаат по 65 бода. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

18 млади репрезентативци одат на светско првенство со самофинансирање – за што служи Министерството за спорт, прашува Левица

Светската џудо елита викендов ќе се натпреварува во „Јане Сандански“

Интер Мајами го освои Купот Кампеонес, Меси го постигна својот 100. гол за клубот од МЛС