Утрински Весник
Спорт

Реал го продава Јовиќ

Реал го продава Јовиќ

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид во преодниот рок ќе го продаде Лука Јовиќ, тврди „Марка“. Во Реал го загубиле трпението по низата проблеми што ги предизвика Јовиќ надвор од фудбалскиоте терени, а и кога играше не ги оправда вложените 60 милиони евра. Српскиот напаѓач сезонава има одиграно 770 минути, постигнал само два гола.

Јовиќ неодамна пријавил дека негов пријател со кого бил во близок контакт имал позитивен тест на Ковид-19. Поради тоа Јовиќ мора да биде во карантин што значи дека ќе пропушти најмалку два натпревар на Реал.

Јовиќ во перидот кога пандемијата на вирусот Ковид-19 беше во полн ек предизвика неколку скандали. Очигледно дека во Реал немаат намера повеќе да ги толерираат неговите испади.

 



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Монтеро ќе го води Јувентус до крајот на сезоната

Бешикташ и Мурињо почнаа преговори

Познати двојките во првото квалификациско коло на Macedonian Open 2024