Утрински Весник
Свет

(Видео) Запалена познатата статуа на Меланија Трамп во Словенија

(Видео) Запалена познатата статуа на Меланија Трамп во Словенија

Дрвената статуа на американската прва дама Меланија Трамп во близина на нејзиниот роден град Севница во Словенија, е запалена и отстранета од местото.

Американскиот уметник Бред Дауни, кој ја осмисли и нарача скулптурата, изјави дека таа е запалена на 4 јули на Денот на независноста на САД. Тој додал дека следниот ден организирал отстранување на статуата, пренесе Би-би-си.

Полицијата соопшти дека во тек е истрага за инцидентот.

Статуата на Меланија Трамп во природна големина беше подигната во јули минатата година. Ја изработи локален уметнички столар Алес Зупевц, познат како Макси, по нарачка на Дауни.

Статуата која ја прикажува првата дама на САД во сина хајлина, слична на онаа која ја носеше на инугурацијата на Доналд Трамп и со рака подигната во вис, предизвика различни реакции откако беше поставена.

Локалните жители, иако горди на најпознатиот експонат во градот, воопшто не беа задоволни од сличноста на статуата со Меланија Трамп, нарекувајќи ја „срамотна“ и споредувајќи ја со Штрумфета.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Германски град препорача евакуација поради голем пожар во Белгија

Над 700 камиони со хуманитарна помош влегоа во Авганистан од Пакистан

Папата повикува на прекин на насилството врз Палестинците на Западниот Брег