Утрински Весник
Спорт

Реал во Купот повторно против Алкојано

Реал во Купот повторно против Алкојано
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Шпанците ги одредија 1/16-финалните двојки во Купот на Кралот. Од оваа фаза во трката по трфејот се вклучуваат актуелниот шампион и виц-шампион, Атлетико и Реал, односно бранителот на титулата во Купот, Барселона.

Фудбалерите на Барселона одбраната на трофејот во Купот ќе ја започнат во Линарес.

Реал, добија шанса да му се одмаздат на Алкојано за елиминацијата од минатата сезона. Во јануари, Алкојано го поразија Реал со 2:1, белскаше голманот Фигуерас кој одбрани 10 од 11 удари кон неговиот гол. Во претходната рунда, Алкојано на пенали го елиминираше Леванте.

Атлетико Мадри ќе игра против членот на третата лига, Рајо Мајадахонда.

Оваа фаза од Купот носи неколку интересни пресметки помеѓу клубови од Втората и Првата лига на Шпанија.

Ваљадолид-Бетис
Алмерија-Елче
Еибар-Мајорка
Џирона-Осасуна
Сарагоса-Севилја
Понфередина-Еспањол

Натпреварите ќе се играат на 4, 5 и 6.јануари.

> Реал во Купот повторно против Алкојано <

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025