Утрински Весник
Македонија

Реакција на министерката за финансии на прес-конференција на дополнителен заменик-министер за финансии

Реакција на министерката за финансии на прес-конференција на дополнителен заменик-министер за финансии
Ss2

13 февруари 2020

Дополнителната заменик министерка има целосен увид во работата на МФ – значаен дел од ресурсите на Министерството се посветени само на одговарање прашања

Да, Министерството за финансии работи најтранспарентно – транспарентноста е на највисоко ниво од кога било. Делата се погласен говорник од зборовите.

  • За тоа може да оценуваат и граѓаните и јавноста пред која пред само неколку месеци беше отворен трезорот на државата https://open.finance.gov.mk/mk/home

  • За тоа зборува и новиот портал за реализација на капиталните расходи кој го лансиравме исто така пред неколку месеци. https://kapitalni-rashodi.finance.gov.mk/

  • За тоа зборуваат и другите бројни е-алатки, како што е граѓански буџет (http://budget.finance.gov.mk/), системот за пријавување и евидентирање обврски ЕСПЕО и ред други.

  • За транспарентноста на дело ќе зборува и новата платформа за јавен долг која се подготвува веќе извесно време во Министерството и која ќе претставува уште една алатка не само за транспарентност туку уште една алатка за борба против обидите за извртување на фактите за јавниот долг пред јавноста.

Мојот кабинет е отворен за дополнителната заменик министерка. Пред неколку недели имавме средба на моја иницијатива на која разговаравме и за соработката, бидејќи сметам дека во интерес на граѓаните е да бидеме конструктивни, продуктивни и размуни. Во секој случај бидејќи дополнителната заменик министерка претпочита да комуницираме преку медиумите и истото е  нејзино право и избор, би сакала да посочам неколку работи, а за вистинитоста и релевантноста на информациите граѓаните секогаш оценуваат.

Во насока на транспарентноста за која се залагаме како министерство, како и организирање на фер и демократски избори, а согласно законот за Влада, сите акти и документи кои ги продуцира Министерството за финансии – се доставуваат до дополнителниот-заменик министер. Сите барања кои се доставуваат од Кабинетот на дополнителната заменик-министерка се одговараат стручно и професионално од секторите, согласно законите.

Мора да напоменам и дека значаен дел од капацитетите на секторите се ангажирани само за одговарање на барањата, и дека голем дел од барањата физички не можат да се испорачаат во еден ден како што се побарува во дел од нив. Ова секако влијае и на динамиката на редовната работа на секторите.

Дополнителната заменик-министерка ги добива на редовна основа и на ист начин на кој јас ги добивам сите информации, документи, материјали кои се изготвуваат од Министерството за финансии и кои се разгледуваат на редовна седница на Влада, како и сите мислења изготвени од секторите на Министерството за финансии за сите материјали, акти,  документи и информации од други министерства и органи на власта, кои се разгледуваат на дневен ред на секоја седница на Влада. Со ова не само што има целосен увид на работата на Министерството за финансии, туку има и преглед врз работата на Владата.

И да, годишните планови се планови за бројот на планираните вработувања во институциите, односно сите места кои институциите планирале да ги пополнат во текот на годината и кои очекуваат дека ќе им се изпразнат. Улогата на Министерството за финансии не е да води кадровска политика во Владата, туку да провери дали институцијата која има побарано согласност за вработување има обезбедено доволно средства во буџетот за да може да ги покрие трошоците за тоа вработување. Со оглед дека годишните планови имаат и поширок опсег од реално дадените согласности, дополнителната заменик министерка може да ги сподели бројките во јавноста.

На крајот како заклучок: улогата на дополнителните заменици министри според законот е да обезбедат фер и демократски избори. Се надевам дека ќе се водиме од ова начело и дека одговорно  пред граѓаните ќе ја алоцираме енергијата и ресурсите онаму каде што е потребно за доброто на граѓаните!

Министерство за финансии

___________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Извор: mia.mk

300x250 (7)
Ss1

Можете да прочитате

По обработени над 90% гласови: Сиљановска Давкова освои 336.130, Пендаровски 167 388 гласови

Петров: Во вториот круг се почнува од нула, петте кандидати кои отпаднаа имаат голем број гласови

(ВИДЕО) Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ