Утрински Весник
Политички Партии

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Љупчо Николовски

ВМРО-ДПМНЕ: Нема правда без одговорност на највисоките структури на власта
300x250 (7)

 

Скопје, 16 јуни 2020

СДСМ и Зоран Заев се наоѓаат во безизлезна ситуација и тоа им е јасно на сите. Стравот и хаосот се моментално сместени на Бихаќка. Тоа го покажуваат јаловите изјави полни со несигурност, манипулации, лаги и нови ветувања кои знаат дека нема да бидат исполнети.

300x250 (7)

Иако СДСМ и Зоран Заев долго го залажуваат народот дека сакаат избори и дека се уверени дека ќе ја формираат новата владина гарнитура, сепак јасно им е дека времето на политички дилетанти и крадци заврши. За криминалот, корупцијата и притисоците врз институциите одговорност ќе има.

Како и секогаш, навикнати се да лажат, да манипулираат и да ветуваат работи кои знаат дека нема да ги испорачаат. Ветуваат неработна недела, а ќе ја исполнат исто колку што го исполнија ветувањето за 100.000денари плата за докторите, ветувањето дека нема да се отвори Уставот на Република Македонија, ветувањето дека ќе се изградат 700 километри автопат итн.

ВМРО-ДПМНЕ долг период ги предупредуваше Зоран Заев и СДСМ за штетата која ја нанесуваа на Република Македонија и народот, но не вроди со плод. Продолжија притисоците, местењето тендери, делење буџетски пари во сопствени приватни фирми и уште низа криминали на кои им доаѓа крајот.

Македонскиот народ на неколку пати беше изманипулиран и понижен од човекот кој се колнеше во сопствените деца и македонската жица, распродавајќи се што е свето на секој еден македонец. На таквото однесување и понижување мора да му дојде крајот и сите кои се огрешиле пред законите да сносат кривична одговорност за тоа.

На 15-ти јули ќе се случат долгоочекуваните предвремени парламентарни избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ потврди дека ќе учествува откако се исполнети двата услови кои беа поставени:

Навремено доставување на предлози на набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.

Максимален безбедносен здравствен протокол кој ќе го сведе ризикот по здравјето на граѓаните на минимум.

На секого му е јасно дека победник на изборите ќе биде ВМРО-ДПМНЕ. Македонскиот народ гледа спас во човекот кој ќе се дрзне да прекрати сите криминални линкови, да го ослободи судството од канџите на Заеви, да ја исправи Република Македонија на здрави нозе и да започне една нова ера во која народот ќе се чувствува безбеден и сигурен во својата држава.

Доаѓа времето на просперитетот, работата, чесноста, трудот и исполнувањето на есенцијалните барања на граѓаните за подобар живот.

На 15-ти јули СДСМ и Зоран Заев одат на буништето на темната страна на политичката сцена и ќе одговараат за секој сторен криминал.

15-ти јули е денот кога Република Македонија одново ќе почне слободно да живее и да ги остварува своите соништа и цели. Доаѓаат подобри времиња за сите нас.

Македонскиот народ знае да ја препознае вистинската страна, страната на победниците.

На 15-ти јули победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Република Македонија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Ss1

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт