Утрински Весник
Спорт

Рајола не ја отфрла можноста Халанд да остане во Дортмунд

Рајола не ја отфрла можноста Халанд да остане во Дортмунд

Менаџерот на Ерлинг Халанд, Мино Рајола, потврдил дека Барселона и Реал се заинтересирани за неговиот клиент, но не ја исклучува можноста тој да остане во Дортмунд.

Рајоле рекол дека Халанд не чека повик од Барселона и демантира дека тој има преддоговор со Реал Мадрид.

„Немаме потпишано преддоговор со ниту еден клуб“, рекол Рајола.

Норвежанецот има договор со Борусија до јуни 2024 година.

„Бараме најдобро решение, исто така никогаш не ја исклучив можноста тој да остане уште една година во Дортмунд“, потенцирал менаџерот на фудбалерот.

Халанд, првиот дел од сезоната го заврши како трет стрелец во Бундес лигата. Одигра 13 натпревари на кои постигна 11 гола.

Вредноста на Халанд „Трансфермаркт“, ја проценува на 150.000.000 евра.

> Рајола не ја отфрла можноста Халанд да остане во Дортмунд <

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија