Утрински Весник
Магазин

Рајан Гослинг се враќа за продолжението на шпионскиот трилер „Сивиот човек“

Рајан Гослинг треба да ја репризира својата улога на агент Сикс за продолжението на неодамна објавениот шпионски трилер „Сивиот човек“, во режија на Ентони и Џо Русо – браќата режисери зад двата филма Одмазници: „Војна на бесконечноста“ и „Завршница“.

dobivaj vesti na viber

Оригиналниот филм – заснован на истоимениот роман од 2009 година на Марк Грини и го следи соработникот на ЦИА додека се бори против неговиот поранешен сојузник – моментално е најскапиот филм на „Нетфликс“ досега снимен, со огромен буџет од околу 166 милиони долари.

„Реакцијата на публиката на ‘Сивиот човек’ не беше ништо помалку од феноменална“, стои во изјавата на браќата Русо, до која дојде „Вараети“

„Ние сме многу благодарни за ентузијазмот што фановите ширум светот го имаат за овој филм.“

„Со толку многу неверојатни ликови во филмот, отсекогаш имавме намера ‘Сивиот човек’ да биде дел од проширен универзум и воодушевени сме што ‘Нетфликс’ најавува продолжение со Рајан, како и второ сценарио за кое со радост ќе зборуваме наскоро,“ додадоа браќата режисери.

Можете да прочитате

Еве го првиот настан на Трн.мк – „Боцни си кирилица” на 22 мај

Кардиолозите открија кој вид на протеини јадат секој ден

Карпите на Кипар се со ист состав како и планетата Меркур