Утрински Весник
Спорт

Рашфорд во последните секунди им донесе победа на Манчестер јунајтед

Рашфорд во последните секунди им донесе победа на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед успеа да слави победа над Вест Хем. Стрелец на единствениот гол беше Маркус Рашфорд, буквално во последните секунди од натпреварот.

„Црвените ѓаволи“, уште еднаш одиграа неинтерес натпревар и покрај тоа што повеќе ја контролираа топката. Упатија само три удари во рамките на голот, а најдобрата шанса ја имаше Фред во 5о.минута, кога неговиот удар го одбрани Алфонс Ареола.

Покрај Манчестер јунајтед, минимална победа запишаа и фудбалерите на Њукасл. „Страчките“ славеа во Лидс со 1:0. Голот со кој Њукасл дојдоа до втората победа во сезоната го постигна Шелви во 75.минута.



> Рашфорд во последните секунди им донесе победа на Манчестер јунајтед <

Можете да прочитате

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија

Сабаленка влезе во историјата го освои Саншајн Дабл

Претседател на македонски фудбалски клуб фатен со шверцувано злато во Турција