Утрински Весник
Спорт

Дортмунд го победи Хофенхајм, Леверкузен го декласира Аугсбург

Дортмунд го победи Хофенхајм, Леверкузен го декласира Аугсбург

Убедливата победа на баер Леверкузен над Аугсбург, гостинскиот триумф на Борусија Дортмунд и втората победа во сезоната за „фенерџијата“, Гројтер Фирт ја обележаа саботната програма во Бундеслигата.

Леверкузен ја држат третта позиција на табелата. „Фармацевтите“ го декласираа Аугсбург со 5:1. Хет-трик на овој меч постигна Дијаби.

Од место во лигата на шампионите не се откажува Унион Берлин. Тимот од престолнината ја продлабочи кризата на Борусија Менхенгладбах. Унион победи 2:1 со двата гола на Крузе.

Дортмунд со 3.2 славеа кај Хофенајм. Халанд, Ројс и Раум (авто-гол), погодија за „Милионерите“. Головите за Хофенхајм ги постигнаа Крамариќ и Рутер.



Резултати: Гројтер Фирт-Мајнц 2.1, Фрајбург-Штутгарт 2:0, Хофенхајм-Дортмунд 2:3, менхенгладбах-Унион Берлин 1:2, Баер Леверкузен-Аугсбург 5:1.

> Дортмунд го победи Хофенхајм, Леверкузен го декласира Аугсбург <

Можете да прочитате

Ѓорческа поразена од Анисимова – 24info.mk

Вечерва Норвешка и БСК за 1/8 финале и дуел против Бразил

Во Парагвај денеска е неработен ден по сензационалната победа над Германија