Утрински Весник
Свет

Расте бројот на новозаразени од коронавирус во Канада

Расте бројот на новозаразени од коронавирус во Канада

Во последните 24 часа бројот на новозаразени е зголемен за 1.685 и сега изнесува вкупно 166.156, објави канадското Министерство за здравство, објави ТАСС.

Во Канада досега починале 9.481 лице како резултат на Ковид-19, а Министерството објави дека 90 проценти од починатите се лица на возраст над 60 години.

Значително зголемување на бројот на нови инфекции во Канада е регистрирано во државите Алберта, Британска Колумбија, Квебек и Онтарио.

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, кажа дека земјата веќе се соочува со вториот бран на пандемијата, кој може да биде потежок од првиот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Отворена истрага откако иранска телевизија објави видео со упатства како да се убие Меланија Трамп

Собјанин: Москва ноќеска беше нападната со повеќе од 390 дронови

Тела на пет бебиња пронајдени во картонски кутии во семејна куќа на југот на Франција