Утрински Весник
Македонија

Расте бројот на заразени со коронавирус во Македонија, позитивни се над 30 проценти од тестираните

Расте бројот на заразени со коронавирус во Македонија, позитивни се над 30 проценти од тестираните

Во изминатите 4 недели има константно зголемување на бројот на заразени од коронавирус. Само вчера потврдени беа 1.293 новозаразени од 4.094 тестирања, што е 31 отсто.

Во моментот активни се 12.819 случаи на заразени со ковид-19 во целата држава. Во болниците се хоспитализирани над 1.000 пациенти со комликации од вирусот, а има 280 празни кревети во ковид-центрите.

„ Притисокот во Скопје е голем, правиме систем на менаџирање на скопските клиники. Има одреден број слободни кревети, одделенијата на интерните клиники повторно се ковид-центри“, нагласи министерот за здравство, Венко Филипче.

Засега, сепак, нема да се воведуваат нови ограничувања, а на сила останува забраната за движење од 22 до 5 часот.

Како што посочи министерот, состојбата не бара воведување посторги мерки, но постојано ќе се следи и следната недела Комисијата пак ќе има состанок кога ќе одлучи дали ќе има потреба од рестрикции.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 115.222, бројката на оздравени пациенти е 99.015, на починати е 3.388, а бројот на активни случаи изнесува 12.819.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

„Невоспитано и срамно бламирање на јавна сцена од страна на уценетата Данела“ – реагира ВМРО-ДПМНЕ

Клековски: Онкологија доби историски голем буџет, два пати поголем и финансиите повеќе не можат да бидат проблем

Клековски: Онкологија доби историски голем буџет, два пати поголем и финансиите повеќе не можат да бидат проблем