Утрински Весник
Свет

Расте бројот на загинати во Појасот Газа, убиен еден од лидерите на Исламски џихад

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Израелската армија уби еден од водачите на палестинската група Исламски џихад во Појасот Газа, соопштија денеска израелските власти.

dobivaj vesti na viber

Станува збор за Калид Мансур, кој беше убиен во израелски воздушен напад во градот Рафа, објави „Тајмс оф Израел“.

Како што додава израелскиот весник, тој бил од ист ранг како Тајсер Џабари, командант на терористичка група во северниот дел на Газа, кој беше убиен во петокот, исто така во воздушен напад.

Мансур сакаше да изврши противтенковски ракетен напад на границата со Израел и е одговорен за бројни ракетни напади врз Израел, додаваат официјалните лица.

Бројот на загинати во израелските напади врз Појасот Газа се искачи на 24, додека 203 лица се повредени, објави синоќа каналот „Скај њуз Арабија“, повикувајќи се на Министерството за здравство од Газа.

Прес-службата на израелската армија претходно објави дека Израел во петокот започна операција чија цел е палестинската радикална група Исламски џихад во Газа, пренесе ТАС С.

Можете да прочитате

Девет загинати 10 ранети по вооружен напад во Јужна Африка

Гугл ги враќа на работа работниците што претходно ги отпушти

Речиси еден милион лица раселени по конфликтот меѓу Камбоџа и Тајланд