Утрински Весник
Економија

Распоред на летови од Меѓународниот аеродром Скопје за задутре на првиот ден од реотворањето

Распоред на летови од Меѓународниот аеродром Скопје за задутре на првиот ден од реотворањето

Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) –  Првите полетувања од Меѓународниот Аеродром Скопје, во среда, 1-ви јули, кога аеродромот се отвора повторно за патнички летови се за Бремен (6:00), Ларнака (6:15), Стокхолм (6:30) и Келн (6:45), а ќе ги реализира авиокомпанијата Виз Ер, информираат од ТАВ Македонија, концесионерот на аеродромите.

Оттаму соопштуваат дека  првите слетувања на аеродромот Скопје задутре се во 08:50 часот од Истанбул (Туркиш ерлајнс) и во 9:20 исто така од Истанбул со „Пегасус“.

За останатите летови, концесионерот упатува на информации на веб страницата во делот заминувања: http://skp.airports.com.mk/en-EN/passenger/flights/departure-flights, како и во делот на Пристигнувања: http://skp.airports.com.mk/en-EN/passenger/flights/arrival-flights.лв/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ВЛЕН: Северна Македонија станува подобра дестинација за инвестиции

СДСМ: Нов ценовен шок за граѓаните, дизелот од утре ќе биде рекордни 101 денари – а власта не носи мерки

Надвор од асфалтот: Инвестиции во инфраструктура, зелена економија, дигитализација и јавни услуги