Утрински Весник
Спорт

Рапсодија на Кари во Бруклин

Рапсодија на Кари во Бруклин

Кошаркарите на Голден стејт Вориорс со победа во Бруклин ја започнаа турнејата по Источната конференција. Вориорс, на теренот на еден од најдобрите тимови во НБА славеа со 117:99. Изминатата ноќ победи забележаа Јута Џез и ЛА Клиперс.

Бруклин, немаа одговор за Стеф Кари. Бекот на Вориорс, за 29 минути на теренот, постигна 37 поени, на кои придодаде седум скока и пет асистенции. Двоцифрен ефект имаа уште Ендрју Вигинс (19 поени), Џордан Пул (17) и Дрејмонд Грин (11 поени, 6 скока, 8 асистенции).

Најефикасни во редовите на Бруклин беа Џејмс Харден со 24 и Кевин Дурент со 19 поени.

Ворирос се лидери во лигата со 12 победи и два порази, Бруклин имаат 10 победи и пет порази.



Јута ја декласира Филалделфија 120:85. Без Џоел Ембид, Филаделфија ја продолжи серијата порази. Бојан Богдановиќ ја предводеше Јута со 27 поени, Џордан Кларксон постигна 20, а Риди Гобер забележа 15 поени и 17 скока.

Јута е на скор 9/5, Филаделфија има 8/7.

Клипеси против Сан Антонио ја забележаа шестата победа во низа. Предводени од Пол Џорџ (34 поени), Клиперси славеа со 106:92.

> Рапсодија на Кари во Бруклин <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина