Утрински Весник
Спорт

Рамос се сели во Англија?

Рамос се сели во Англија?

Серхио Рамос ќе биде еден од најбараните фудбалери на пазарот, во летниот преоден рок, доколку не го продолжи договорот со Реал Мадрид. Иако шпанските медиуми тврдат дека Рамос ќе го продолжи договорот, клубот засега молчи.

Додека во Реал размислуваат дали да се согласата на барањата на фудбалерот, односно да му понудат тригодишен договор, во Англија се подготвуваат понуди за капитенот на Реал.

Проблемот со Реал е што на својот капитен му нудат само договор на една сезона.

Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Арсенал и Тотенхем наводно биле заинтересирани да го донесат Рамос во своите редови.

> Рамос се сели во Англија? <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Линда Носкова нова шампионка на Вимблдон

Почина репрезентативец на Јужна Африка

Шпанија во полуфинале! Мерино повторно херој, Белгија елиминирана