Утрински Весник
Македонија

Рама за шегата во Солун: Настана непотребна хистерија, јас само ја иронизирав политиката на Бугарија

Шегата на албанскиот премиер Еди Рама при поздравувањето на македонскиот премиер Димитар Ковачевски со германскиот канцелар, Олаф Шолц, каде шеговито го претставува како премиер на идната Западна Бугарија предивика жестоки реакции во јавноста.

Албанскиот премиер, почувствува потреба ситуацијата да ја разјасни на социјалната мрежа „Твитер“, во објава во која вели дека целиот настан предизвикал непотребна хистерија во Скопје.

„За смеење и за плачење е хистеријата која некои луѓе во Скопје ја прават кон премиерот Димитар Ковачевски откако беше објавено видеото од поздравувањето со канцеларот, Олаф Шолц, каде јас ја иронизирав грдата блокада што ѝ ја прави Бугарија на Северна Македонија“, вели Рама во објавата.

Можете да прочитате

Македонка убиена во Италија: Сопругот се јавил на 112 и признал – „Ја убив жена ми“

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски? 

Македонија има доволно керозин, уверува Николоски