Утрински Весник
Спорт

Ракитиќ: Секогаш е тешко да се освои Ла Лига – најдобрата лига на светот

Барселона ја отфрли понудата на Јувентус за размена на Ракитиќ

Барселона, 24 јуни 2020 (МИА) – Стрелецот на победничкиот гол за Барселона на синоќешниот дуел со Атлетик, Иван Ракитиќ, рече дека е задоволен што му донесе победа на тимот и потенцира дека според него, Ла Лига е најтешката лига на светот.

– Беше тежок натпревар. Атлетик ни создаде многу проблеми. Но, драго ми е што го постигнав мојот прв гол во сезоната. Ретко е да не реализирам толку долго и јас сум лут поради тоа. Секогаш е тешко да се освои Шпанското првенство, бидејќи ова е најдобрата лига на светот.

Барселона и Реал Мадрид водат „мртва“ трка за првото место. Каталонците имаат три бода повеќе во однос на мадридскиот клуб, но и натпревар повеќе. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФИФА може да ги одложи баражите за СП 2026 година во Мексико поради немирите во земјата

Душко Стојановски едногласно избран за нов претседател на Македонската БЏЏ Федерација! 

ЗОИ2026: Норвешка со најмногу медали