Утрински Весник
Македонија

Се прават обиди да се расчисти Тетово-Јажинце од наноси

Се прават обиди да се расчисти Тетово-Јажинце од наноси

Тетово, 24 јуни 2020 (МИА) – Екипи на „Македонија пат“ и на Центарот за управување со кризи се обидуваат да го оспособат регионалниот и меѓународен патен правец Тетово-Јажинце за сообраќај, по ноќешното излевање на Габровска река кај селото Доброште, како и поради наноси од кал, камења и дрвја на коловозната лента. Патот е во прекин од ноќеска околу 1 часот поради поплавата.

-Работиме со две машини за утовар на наносите на камиони. Екипи на ЦУК се обидуваат да го регулираат коритото на реката со цел да има проодност на надојдената вода и да нема излевање на патот, изјави Дејан Јовановски од тетовска секција на „Македонија пат“.

Полициски службеници од станицата за безбедност во патниот сообраќај во Тетово го регулираат сообраќајот и не се дозволува движење од Тетово кон Доброште како и од Јажинце кон Одри. ас/ир

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Со „ролс-ројс“ возел 194 км/ч на ограничување од 80 – уапсен гостиварец

Дванаесетчасовна акција во штипско: Запленети дрва, одземени „форд“ и „мицубиши“

Дронови го исцртаа ликот на Делчев на небото за 23 Октомври