Утрински Весник
Македонија

Разбојници фатени при грабеж во трговски центар во Скопје

Разбојници фатени при грабеж во трговски центар во Скопје

Во трговски центар во Скопје денеска напладе полициски службеници од полициската станица Центар уапсиле двајца скопјани со иницијали А.К. и Е.Р, кои биле затекнати при извршување кражба, во која одземале пари од лицето З.С.

Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

Разбојниците биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Можете да прочитате

Сомнителен случај во Скопје: Изваден шраф и олабавени уште три на тркало – добивал и закани две години

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ