Утрински Весник
Македонија

Работна посета на министерот Чулев на СВР Битола

Работна посета на министерот Чулев на СВР Битола

Битола, 19 јуни 2020 (МИА) – Министерот Чулев денеска во рамки на своите активности оствари работна посета и состанок со раководството на СВР Битола, каде беше запознат со мерките и активностите кои се преземаат поврзани со справувањето со пандемијата од корона вирусот.

На прес-конференција во Битола министерот Чулев истакна дека од страна на Секторот за внатрешни работи досега се изречени вкупно 1.904 прекршочни казни за неносење заштитна опрема и се поднесени 382 кривични пријави против 579 сторители за непочитување на забраната за движење.

– Генералниот впечаток од состанокот во врска со постапувањето на полициските службеници е дека ширењето на пандемијата на територијата на Секторот за внатрешни работи Битола е ставено под контрола, граѓаните се совесни и ги почитуваат мерките за заштита на сопственото здравје и за користење на заштитна опрема, посочи министерот Чулев, додавајќи дека на територија на овој сектор не е потврден ниту еден случај на вработен во Министерството за внатрешни работи, кој е позитивен на Ковид-19.

Во тој контекст министерот Чулев потенцираше дека во фаза на изработка е протокол за организација на изборите во услови на коронавирус и по негово завршување ќе се изврши измена во мобилната апликација за полициските службеници и ќе се реализираат нови обуки кои ќе бидат прилагодени на овој протокол.

Во рамки на работната посета министерот Чулев присуствуваше и на превентивна акција во чии рамки од страна на полициските службеници беа поделени заштитни маски на граѓаните на Битола. Во оваа прилика министерот уште еднаш апелираше до граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита на своето здравје. мт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

„Мој ДДВ” не работи затоа што нема пари во буџетот, велат од СДСМ

Прво роденнден на партијата, па владина реконструкција, најави Мицкоски

Возач од Батинци „летал“ со 244 км/час на автопат