Утрински Весник
Спорт

Пјаниќ најави сензационален трансфер

Пјаниќ најави сензационален трансфер

Миралем Пјаниќ се подоготвува за трансфер во Саудиска Арабија. Фудбалскиот клуб Ал Наср ги започнал преговорите со репрезентативецот на Босна и Херцеговина.

На социјалните мрежи, по обајвата дека Пјаниќ би можел да се пресели во Ал Насар се појавија монтажи на фудбалерот во дресот на овој клуб.

„Со нетрпение чекам да ги видам овие прекрасни луѓе. Ние сме браќа“, порачал Пјаниќ.

Пјаниќ има кошмарна сезона во Барселона, во која пристигна како големо засилување. Досега во сезоната одиграл 28 натпревари, но настапил вкупно 1.265 минути. Иако не е повреден, Пјаниќ, последниот натпревар за Барселона го одиграл во февруари.

> Пјаниќ најави сензационален трансфер <

Можете да прочитате

Евролига со високи казни за белградските екипи

Русија се враќа на светските првенства во хокеј на мраз

Мбапе: Петте победи на Реал по ред не значат ништо, сакаме да победиме на секој натпревар