Утрински Весник
Свет

Путин: Moра да се продолжи со масовна вакцинација

Путин: Moра да се продолжи со масовна вакцинација

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека 21,5 милиони луѓе во Русија се вакцинирани против Kовид-19.

„Мораме активно да продолжиме со тестирањa (за коронавирус) и да се вакцинираме“, рече Путин, а пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Според бројот на жители, Русија е на деветтото место во светот со околу 146 милиони жители.

Според официјалните статистики, во земјата досега се регистрирани 4,82 милиони заразени и 111.000 смртни случаи. Од Ковид-19 се опоравиле околу 4,44 милиони заболени.

Можете да прочитате

Американците изгубија речиси три милијарди долари во опрема во војната во Иран

Преживеани жртви на Епстин ги тужат Министерството за правда на САД и Гугл

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа