Утрински Весник
Свет

Путин: Спутник V е поефикаснa од 90 проценти, веќе работиме на развој на третата вакцина

Руската вакцина oд следната недела ќе биде тестирана на 40.000 луѓе
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Откако „Фајзер“ и „БиоНтех“ објавија дека нивната вакцина против корона е ефикасна 90 проценти, пристигнаа пораки од Русија каде претседателот Владимир Путин рече дека земјата е на пат да развие трета вакцина, и дека веќе постоечката Спутник V е повеќе од 90 проценти поефикасна.

На видео-конференцијата на самитот на Шангајската организација за соработка (СОЦ), Путин зборуваше на таа тема, но не сакаше да открие детали за третата руска вакцина што ја најави.

„Москва сега е подготвена да соработува со сите земји во развојот на вакцината, вклучувајќи ги и партнерите на СЦО, но не сакам да има политизација во овој процес. Верувам дека вакцината треба да биде достапна за сите”, додаде Путин.

Оваа дискусија следеше откако „Фајзер“ и „БиоНтех“ објавија дека тестовите покажале дека нејзината вакцина против коронавирус е ефикасна 90 проценти, а со оглед на тоа што Русија ја имаше својата прва регистрирана вакцина Спутник V во август годинава, тие сега сакаат да го потсетат светот на тој факт.

Спутник V првично беше оспорувана од бројни експерти и државници затоа што беше развиена многу брзо, сепак, тестовите покажаа дека е ефикасна, пишува Си-ен-би-си. Потоа, Путин најави почеток на работа на втората руска вакцина, а по објавувањето на „Фајзер“ и „БиоНТех“, очигледно сака да го забрза процесот и да започне да работи на третата.

Русија соопшти дека ја воведува својата вакцина Спутник V за домашна употреба, и покрај фактот дека испитувањата во доцните фази сè уште не се завршени, а во вторникот рече дека е ефикасна над 90%.

„Студиите веќе покажаа и потврдија дека, прво, овие (руски) вакцини се безбедни и немаат сериозни несакани ефекти по употребата, и второ, сите се ефикасни“, рече Путин.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони