Утрински Весник
Свет

Путин: Спречивме крвопролевање во Нагорно-Карабах

Путин: Спречивме крвопролевање во Нагорно-Карабах

Заедничката изјава на Ерменија, Азербејџан и Русија за Нагорно Карабах овозможи да се запре крвопролевање, изјави рускиот претседател Владимир Путин, на онлајн состанокот посветен на решавање на хуманитарни прашања во тој регион.

На состанокот учествуваа и министерот за одбрана Сергеј Шојгу, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, шефот на Федералната служба за безбедност Александар Бортников и шефот на Министерството за вонредни ситуации Евгеније Зиничев.

„Ве собрав да разговараме за ситуацијата во зоната на конфликтот Нагорно-Карабах. Се надевам дека нема да ја користиме таа фраза повторно – конфликтот во Нагорно-Карабах, и се надевам дека наскоро ќе преминеме и на други прашања”, рече Путин.

Тој додаде дека прашањето за помош на населението е многу важно. Според него, хуманитарната состојба во регионот Нагорно-Карабах е тешка.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Велика Британија: Температурата во училниците повисока од 40 степени Целзиусови

Јапонската вселенска агенција го изведе првиот пробен лет на ракета за повеќекратна употреба

Извор за иранските медиуми изјавил дека нема да има преговори додека САД не се повлечат од своите ставови