Претседателот на Русија, Владимир Путин, одржа средба со неговиот казахстански колега Касим Јомарт Токаев, на која рече дека Казахстан во јануари станал жртва на меѓународни банди, но дека ситуацијата се нормализира.
– Во јануари Казахстан стана жртва на меѓународни банди кои ја искористија тешката ситуација во земјата. Се запознавме на новогодишната ноќ и ништо не навестуваше таков развој на настаните. Но, сепак ситуацијата е регулирана и, како што знаете, Русија, како една од земјите на ОДКС, во согласност со членот четири од Договорот, не му го сврте грбот на Казахстан. Секако, главната улога ја имаше самото раководство на Казахстан, посветено на својата работа, заклетва и народ – рече Путин на средбата.
Тој додаде дека Казахстан ќе мора да вложи многу напори за да го врати изгубеното за време на јануарските настани, но дека земјата самоуверено стои на нозе под водство на актуелната влада.
Токаев, од своја страна, рече дека протестите во Казахстан се внимателно подготвена операција на меѓународните терористи чија цел е поткопување на уставниот поредок и државен удар.
Тој посочи дека руските мировници одиграле важна улога во Казахстан во однос на обезбедувањето стратешки објекти и „психолошкото заплашување на терористите, бандити кои овојпат го избрале Казахстан за жртва“.