Утрински Весник
Свет

Путин се ревакцинира против коронавирусот

Путин се ревакцинира против коронавирусот

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека е ревакциниран против коронавирусот со вакцината „спутник лајт“.

„Денеска по ваша препорака и препорака од вашите колеги примив уште една вакцина – ‘спутник лајт’“, рече Путин на средбата со Денис Логунов, заменик директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

Путин изјавил дека се чувствува добро по вакцинацијата, пренесоа руските агенции.

Рускиот претседател во јуни годинава соопшти дека ја примил вакцината „спутник в“, потсетува „Ројтерс“.

 

 

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус