Утрински Весник
Свет

Путин: Се остваруваат сите руски планови во Украина

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека нема сомнеж оти, како што рече, специјалната воена операција на Москва во Украина ќе го постигне својот резултат, пренесува руската државна новинска агенција ТАСС.

Путин зборуваше откако ја надгледуваше годишната воена парада на Црвениот плоштад во Москва по повод победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија во Втората светска војна.

„Сите наши планови се реализираат. Резултатот ќе биде постигнат – во тоа нема сомнеж“, кажа Путин.

Можете да прочитате

Хорор во Италија: Татко двапати го избодел својот 12-годишен син во градите

Белгија: Неколку лица загинаа во судир меѓу училиштен автобус и воз

Иран ги предупреди САД за кршење на прекинот на огнот