Утрински Весник
Свет

Путин по вакцинацијата: Кога ќе се развијат антителата ќе имам повеќе патувања и настани

Путин по вакцинацијата: Кога ќе се развијат антителата ќе имам повеќе патувања и настани

Рускиот претседател, Владимир Путин, првпат се обрати до јавноста по приемот на вакцината против коронавирус.

Путин рече дека, кога ќе му се формираат антитела, тој ќе го прошири опсегот на патувања и посети на разни установи, вклучително и културни.

„Ќе ги проширам посетите на разни објекти, вклучувајќи културни установи, библиотеки и така натаму. Денес, патем речено, планирам да ја посетам новата зграда на еден од театрите во Москва“, рече Путин на видео-состанок со претставници oд културата.

Во Русија денеска се одбележува Денот на културните работници. Претседателот одржа настан преку интернет со добитниците на наградата за млади културни работници и наградата од областа на литературата и уметност за детски дела и за млади.

Да потсетиме, рускиот лидер во вторникот ја прими првата доза од руска вакцина која се прима во два наврата, а ќе биде повторно вакциниран за приближно две недели. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите изјави дека само Путин и неговиот лекар знаат која вакцина против вирусот ја примил рускиот претседател.

Можете да прочитате

Столтенберг нападот на Фицо го смета за атак на демократиите и отворените општества

Каволи: Русија нема доволно сили за голем пробив во Украина

По атентатот над словачкиот премиер Фицо закана доби и неговиот полски колега Туск