Утрински Весник
Економија

Путин: Погрешната политика на Западот доведе до енергетска криза

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека „краткогледната политика на европските земји доведе до криза во енергетскиот сектор“.

Тој истакна дека целокупната ситуација на Запад доведе до недоволно инвестирање во енергетскиот сектор, како и дека цените се зголемени, пренесе РИА Новости.

– Гледаме и обиди одговорноста за тоа што се случува на пазарот на храна да се префрли на Русија, но ова е прашање на замена на тезата – рече Путин.

Путин ги нарече санкциите против Москва „краткогледна, глупава и погрешна политика која води во ќорсокак“.

Можете да прочитате

ММФ: Албанија расте економски, но „фискалниот мир“ носи ризици

Владата ќе донира 100 возила за Македонска пошта, најавени и законски измени

ДЗС: Просечната нето-плата за 9% повисока од минатата година