Утрински Весник
Свет

Путин и Шји: Пактот АУКУС ја поткопува нуклеарната рамнотежа

Путин и Шји: Пактот АУКУС ја поткопува нуклеарната рамнотежа

Во текот на денешниот разговор со видеоврска, кинескиот претседател Шји Џјинпинг му се заблагодари на својот руски колега Владимир Путин за отпорот на обидите да се создаде јаз помеѓу Пекинг и Москва и двајцата изразија загриженост за формирањето на пактот АУКУС.

„Вие високо ги оценивте руско-кинеските односи, нарекувајќи ги модел на интеракција помеѓу двете земји во 21 век. Ја поддржавте Кина да ги зачува своите национални интереси и цврсто стоеше против обидите да се предизвика раздор меѓу нашите земји. Исклучително ја ценам вашата работа“, рече Шји, пренесе ТАС С.

Рускиот претседател го истакна придонесот на руско-кинеската соработка за светската стабилност.

„Блиската соработка помеѓу Русија и Кина, нивните акции на глобалната арена, одговорниот заеднички пристап кон решавањето на глобалните проблеми станаа важен стабилизирачки фактор во меѓународните односи“, рече Путин.

РИА Новости пренесува дека рускиот претседател го информирал Шји за неодамнешниот разговор со претседателот на САД, Џозеф Бајден, за заканата од проширување на НАТО на исток и за потребата од преговори за безбедносни гаранции (дека нема да се прошири понатаму на исток), оценувајќи дека разговорот бил важен, рече помошникот на Путин, Јуриј Ушаков.

Путин и Шји разговараа и за безбедносниот договор АУКУС (САД-Велика Британија-Австралија), оценувајќи дека блокот ја поткопува нуклеарната рамнотежа и ги зголемува тензиите во регионот.

Тие претходно разговараа на 28 јуни, на 20-годишнината од потпишувањето на Договорот за добрососедски односи, пријателство и соработка меѓу Русија и Кина.

Можете да прочитате

Во Саудиска Арабија егзекутирани осум осуденици во еден ден

Македонска државјанка повредена во сообраќајка на Алјаска

Жена на 76 години за првпат стана мајка