Утрински Весник
Свет

Путин и Лукашенко разговараа за билатерални и глобални прашања

Путин и Лукашенко разговараа за билатерални и глобални прашања

Претседателите на Белорусија, Александар Лукашенко и на Русија, Владимир Путин, разговараа за билатерални и глобални прашања за време на телефонскиот разговор, пренесува ТАСС повикувајќи се на белоруската државна агенција БелТа.

Лукашенко и Путин размениле мислења за глобални теми, за ситуацијата во двете земји, пандемијата на коронавирусот и сумирале заеднички активности.

Двајцата претседатели разговараа и за тензиите во Нагорно Карабах.

тие изразија загриженост за зголемувањето на случаите на коронавирус.

Покрај тоа, беа дискутирани начините за целосно обновување на сообраќајните врски меѓу двете земји.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Девет загинати во пад на приватен авион во Флорида

Полицијата со палки ги растера демонстрантите од плоштадот Росио во Лисабон

Германската полиција ги чува ограбените продавници во Франкфурт