Утрински Весник
Свет

Путин и Ердоган ќе се сретнат следниот месец во Сочи

Рускиот претседател Владимир Путин на 5 август ќе има средба со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган во црноморското одморалиште Сочи, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

dobivaj vesti na viber

Двајцата лидери ќе разговараат за регионалните проблеми и билатералните односи, пренесе агенцијата.

Ердоган одигра клучна улога во посредувањето во договорот потпишан од Русија и Украина во Истанбул минатата недела, со кој се дозволува извозот на украинското жито да продолжи преку Црното Море. Ова е втора средба меѓу двајцата лидери во рок од еден месец.

Путин и Ердоган последен пат разговараа на самитот во иранскиот главен град Техеран на 19 јули. Тогаш главна тема беше ситуацијата во Сирија, каде Анкара и Москва имаат различни позиции по прашањето за војната.

На средбата во Сочи, освен Сирија, на дневен ред треба да биде и Украина.

Можете да прочитате

Повторно иницидент на аеродромот во Лајпциг – пробиена заштитната ограда

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата

Мекгинти: Има загинати и повредени во пожарот во воената база во Алберта