Утрински Весник
Економија

Путин: Западните санкции кон Русија предизвикуваат глобална криза

Западните санкции против Русија им штетат на економиите на земјите кои ги воведуваат и предизвикуваат глобална криза, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

„Овие санкции во голема мера предизвикуваат глобална криза. Нивните автори, водени од кусогледите надуени политички амбиции, русофобијата, ги кршат нивните национални интереси, сопствената економија и благосостојбата на своите граѓани“, рече Путин на состанокот на економски прашања.

Исто така, како што оцени рускиот лидер, продолжувањето на политиката на „опседнатост со санкции“ кон Русија ќе доведе до најкомплицирани и речиси неповратни последици за граѓаните на Европската унија и за најсиромашните земји во светот.

„Очигледно, поради објективни економски закони, продолжувањето на опседнатоста со санкции, ако можам да го кажам тоа, неминовно ќе доведе до тешки, речиси неповратни последици за Европската унија, нејзините граѓани и најсиромашните земји“, рече Путин, пренесе РТВ.

Можете да прочитате

Каматната стапка е непроменета –  зголемени ризици за монетарно затегнување

Силна координација и јасни приоритети од Секторската работна група за енергетика

CompanyWall Business анализира 75.329 компании во Северна Македонија: Сè појасна поделба на стабилни и оптоварени компании