Утрински Весник
Свет

Путин воведе санкции за непријателските земји

Путин воведе санкции за непријателските земји

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за воведување визни ограничувања за граѓаните на земјите кои Русија ги смета за непријателски, како одговор на санкциите против Украина.

Поедноставениот процес за издавање визи од денеска е суспендиран за некои земји од ЕУ, како и за Норвешка, Швајцарија, Данска и Исланд.

Русија, исто така, најави дека ќе ја укине забраната за патување поради короната за 52 земји кои не се приклучија на последниот бран на западни санкции против Москва, јави руската новинска агенција ТАСС.

Летовите ќе продолжат до и од Аргентина, Јужна Африка и други пријателски земји, рече премиерот Михаил Мишустин.

Можете да прочитате

Трамп ја нарече Норвешка „скапана земја“ поради одлуката да не му биде доделена Нобеловата награда за мир

Нуњез: За време на протестите во викендот во Франција, приведени се 1.435 лица, полицискиот час е се уште на сила

Авион во Франкфурт се обидел да полета во погрешна насока