Утрински Весник
Македонија

Пулмологија доби протокометри за кислород, бронхоаспиратори и ХМЕ филтри

Пулмологија доби протокометри за кислород, бронхоаспиратори и ХМЕ филтри
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 16 април 2020 (МИА) – Два протокомери за кислород со овлажнувач, бронхоаспиратор со погон на централен вакуум, бронхоаспиратор на електрична енергија и 50 ХМЕ филтри со овлажнувач за заштита од вируси и бактерии доби Универзитетската клиника за пулмологија и алергологија.

Од Клиниката информираат дека станува збор за донација од фирмата Винора Дооел Скопје, вредна 200.000 денари, што ќе помогне во справувањето со коронавирусот.

– Ваков хуман гест се надеваме ќе потикне повеќе компании да дадат свој придонес со донации на клиниките кои се во прва линија во борбата против Ковид-19, посочуваат од Клиниката. рп/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова со честитка за Божиќ

Избрани Хоџа и Сали за нови министри во Владата

ВМРО-ДПМНЕ: Министерката Божиновска нема бугарски пасош