Утрински Весник
Македонија

Отстранети одроните на локалниот пат од Гевгелија до Ума

Отстранети одроните на локалниот пат од Гевгелија до Ума

Гевгелија,16 април 2020 (МИА) – Одроните на локалниот пат до гевгелиското планинско село Ума, кои беа предизвикани од неодамнешниот дожд се отстранети по акцијата што ја организираше Општина Гевгелија.

На повикот за помош, како што соопшти одделението за комунално уредување, што го упати општината, се јавија гевгелиските градежни фирми „Мансард“ и „Обнова“ кои без надомест ја ангажираа механизацијата и за многу кусо време ги отстранија одроните и го оспособија повторно за сообраќај локалниот пат до селото Ума.

Претходно, од одрон исто така беше блокиран и локалниот пат од Негорци до потпланиското село Серменин кој со интервенција на Општина Гевгелија брзо беше оспособен за сообраќај.

Од одделението за комунално уредување нагласија дека по двете интервенции моментално сите патишта во Општина Гевгелија се проодни. им/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври

Мицкоски: Свои на своето, со корен во минатото и со верба во иднината

Нападнале и ограбиле маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит, приведени две лица од Куманово