Утрински Весник
Спорт

ПСЖ го отпуштија Томас Тухел

ПСЖ го отпуштија Томас Тухел

Томас Тухел повеќе не е тренер на фудбалерите на ПСЖ, објавија водечките светски спортски медиуми. Овие извори не ги наведуваат причините поради кои Германецот добил отказ.

Тумас Тухел стана тренер на ПСЖ во 2018 година, го предводел клубот на 127 натпревари. Минатата сезона стигна до финалето во Лигата на шампионите, но не успеа да слави против Баерн Минхен.

Со ПСЖ два пати бил шампион на Франција и два пати ги освои трофеите во Суперкупот на Франција, Купот и Лига купот на оваа земја.

ПСЖ веројатно со соопштение ќе се огласи по повод отказот. Наредниот меч „светците“ ќе го одиграат на 6.јануари.

Француските медиуми тврдат дека клубот веќе ја договорил соработаката со Маурицио Покетино.

> ПСЖ го отпуштија Томас Тухел <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Шпанија во полуфинале! Мерино повторно херој, Белгија елиминирана

Ѓоковиќ: Синер ме разнесе, беше многу подобар од мене

Франција прва обезбеди место во полуфиналето на Мундијалот