Утрински Весник
Свет

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен.

Новото правило за задолжителна вакцинација требаше да стапи на сила на 1 октомври, но Уставниот суд ја суспендираше владината одлука, откако некои државни службеници, вклучително и полицискиот синдикат, се побунија, објави агенцијата СТА.

Судот оценил и дека одлуката не може да се споредува со мерките воведени во Австрија, бидејќи таа земја вовела закон со кој е можно да се воведе задолжителна вакцинација во посебни околности.

Можете да прочитате

ЕУ: Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина и нема да ги укинеме санкциите кон Русија

Три деца и наставник убиени во напад на училиште во САД

Трамп го спореди Зеленски со основач на патувачки циркус